СДСМ: Лага е дека Македонија е четврта најниско задолжена земја

Од опозициската СДСМ велат дека тоа што власта ја претставува Македонија како четврта најниско задолжена земја во Европа, е лага.

„Власта ја претставува Македонија како четврта најмалку задолжена земја во споредба со останатите држави во Европа. Што е лага. Груевски и Ставрески долгот на централната влада на Македонија го споредуваат со јавниот долг на останатите држави а не со долговите на нивните централни влади. Што се две сосема различни работи“, рече Кире Наумов, претседател на економскиот совет на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.