СДСМ: Македонско-грчкиот договор е влог во сигурна и стабилна иднина

Дали ВМРО-ДПМНЕ ги спори придобивките од членството на Македонија во НАТО, или е загубена поради тоа што немаат јасен став за клучните прашања за иднината на државата, реагираа во саботата од владејачката партија барајќи опозициската партија и нејзиниот лидер да се изјаснат во врска со рефередумот за промена на уставното име, односно придаќање на договорот со Грција што го постигна владата на СДСМ.

„Членството во НАТО ја гарантира безбедноста и стабилноста на нашата Македонија. Трајно ќе ги заштитиме границите и целата наша територија. Цврсти граници-за безбедна иднина на нашите деца“, се наведува во реакцијата на СДСМ

Владејачките социјалдеморкати велат уште дека безбедноста и стабилноста што ја носи членството во НАТО ќе донесат и многу поголеми странски инвестиции во економијата, а тоа би значело и повеќе пари, нови фабрики, нови работни места, засилен раст на платите.

„Македонско-грчкиот Договор е влог во сигурна и стабилна иднина. Со прифаќање на Договорот влегуваме во НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, што е најважно, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик. Граѓаните го знаат тоа, нема да дозволат деструктивното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати Македонија во темното минато, ќе изберат иднина наместо небиднина. На 30-ти септември граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, тврдат од СДСМ.

Претходно до СДСМ запрашаа „што чекаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?“

„Ако одговараат пред граѓаните нека се изјаснат за што се, избoрот е иднина наместо небиднина Ајде. Нека излезат пред граѓаните и нека се изјаснат за што се. Празни фрази од ВМРО-ДПМНЕ со децении наназад граѓаните се изнаслушаа. Десет години зборуваа за рефендум сега немаат став. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се. За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема јасен став“, вели валдејачката партија во соопштението.

Според СДСМ, за Македонија не псотои друга алтернатива освен членствотп во НАТО и ЕУ, и порачуваат дека доколку во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека има друга алтернатива да ја соопштат јавно.