Мерките за замрзнување на цените, воведени од СДСМ, дадоа резултат. Намалени се цените на стотици основни прехранбени производи, и тоа со „гарантирана цена“, која е за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава, соопштија од СДСМ.
„За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40%.
Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.
На производите од 25 категории кои имаат “гаранитирана цена“ со намалени цени ќе им се приклучат и пијалаците.
СДСМ како одговорна партија се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард на народот“.