СДСМ: Мицкоски да ги поддржи процесите за зачленување во ЕУ и НАТО

Владејачка партија СДСМ во писменото соопштение во средата вечерт по протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата реагираше наведувајќи дека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски требaло да покаже „како се сака татковината“ со тоа што ќе ги поддржел процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со, како што тие тврдат, „зачуван и зајакнат идентитет“.

„Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина. Наместо да застане на страната на државните интереси, на страна на интересот на граѓаните Мицкоски е на страна на одбрана на неговиот ментор, Никола Груевски”, наведуваат од СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва го предводеше протестниот марш од пред партиското седиште до пред Владата рече дека порачуваат оти од денеска и ќе одат докрај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев. Наведе дека со мирни протести, секоја среда пред Владата, а во меѓувреме и во други градови ќе им покажеле како се сака татковината.

„На темната страна на историјата е криминалното владеење на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот оној Груевски кому советник му беше токму Христијан Мицкоски. Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, поделби и изолација“, соопшти СДСМ.

Според партијата, Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика на одговорност.

„Мицкоски требаше да покаже како се сака татковината, со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но, Мицкоски избра да ги блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина… Македонија чекори напред, економијата расте, повеќе пари има за граѓаните, растат платите, земјава е рамноправен партнер на демократскиот свет, на чекор до полноправно членство на НАТО и ЕУ. ристијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.Тоа е огромна разлика“, се додава во соопштението.