СДСМ: Мицкоски да не бега туку да каже што одлучи, за ЕУ или за Левица?

Пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат и одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат.

Потребно е да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

Но и овој пат како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаме несериозност, неодговорност и пречесто менување на ставовите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица.

Ова е момент на вистината за Мицкоски кој со недели бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден.

Наместо да ја замајува јавноста, Мицкоски треба да ги среди своите ставови, да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со Левица?