СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само за блокади и антидржавно дејствување

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата, се вели во реакција на СДСМ.

„Блокадите, антидржавното дејствување се се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија. И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот. Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот. Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство“, вели СДСМ.

Од партијата додаваат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со блокади и опструкции нанесуваат директна штета на граѓаните и на државата.

„Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира. Без оглед колку лаги, конструкции и шпекулации изнесува Белата палата, без оглед колку протести и блокади прави ВМРО-ДПМНЕ, не може да избега од вистината дека државата оди напред. Граѓаните го препознаваат тоа и затоа редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори.  Затоа ВМРО-ДПМНЕ се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен“, реагира СДСМ.