СДСМ: Мицкоски не само што се криеше од инспекторите во кафеана, туку и побарал Чулев да му помогне

Скандалозното и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски ја отсликува матрицата на ВМРО ДПМНЕ, каде што ништо не сменето и единствената идеологија е да се работи за личен интерес и да се наштети на граѓаните, велат одСДСМ.

Христијан Мицкоски, додаваат од таму, не само што се криеше од инспекторите во кафеана на сред Скопје, туку и побарал структури на техничкиот министер на МВР , Наќе Чулев да му помогнат да си го сокрие делото.

„По барање на Мицкоски и наредба на Чулев, униформирани полицијаци дошле до ресторанот во обид да го спасат Мицкоски од одговорност. Заедно со сопственикот лажеле дека снимачот од безбедноснте камери на кои е регистрирано присуството на Мицкоски е украден, но при претресот снимачот бил пронајден. Христијан Мицкоски лаже кога вели дека не ги знаел протоколите и затоа ја прекршил забраната. Тој точно знаел дека не ги почитува мерките и забраните и затоа на помош го повикал Чулев да му ги избрише трагите и доказите. Мицкоски наместо да глуми наивност, треба да и одговори на јавноста дали на иста маса со него седел и Ален Зекиров, познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и лице на кое му се судеше за тоа што прегази човек“, пишува во соопштението.

Од СДСМ прашуваат дали на истата маса со Мицкоски седел и поранешен директор на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање, што толку важно разговарале и од што се криеле среде Скопје?

„Ова се причините поради коишто Мицкоски седел затворен во кафеана, а не неговата неинформираност за протоколите според коишто работат угостителските објекти. Наместо сите заедно да работиме за подобра иднина, нашата земја има лидер на опоција, кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравето на граѓаните, кој бара институциите да работат за негов личен и партиски интерес. За ваквото однесување на Мицкоски, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во борба против коронавирусот“, велат од СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.