СДСМ: Мнозинството ја исполни обврската

Мнозинството ја исполни обврската, избра собраниски претседател, ќе избере и влада, насилниците ќе
Парламентарното мнозинство ја реализираше својата обврска кон граѓаните, достоинствено, мудро и внимателно, како што им доликува на новите политичари што народот ги избра да ја водат државата, соопштија во неделата од СДСМ

Тие се убедени дека новиот претседател на Собранието е избран според Деловникот, законите и Уставот и најавуват дека во следниот период во согласност со споменатите акти ќе биде избрана и нова „реформска влада“

„Демократските процеси ќе продожат бидејки тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не на групата насилници и криминалци“, велат од СДСМ.

Повторуваат дека според нив парламентарното мнозинство за овој процес ја имало поддршката од најмалку 700.000 граѓани кои избрале промени, „но и на сите други граѓани и припадници, активисти на партии кои видоа колку е грдо лицето на Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков и насилниците извршители и не сакаат да бидат нивни соучесници и нивен инструмент во иднина“.

„Нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза, дестабилизација со што сите тие со крвавото насилство во парламентот направија тешко кривично дело, терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста на пратеници, новинари, вработени во Собранието и врз државната институција, парламентот“, додават социјалдемократите

Тие повикуваат Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да постапат по службена должност за ова организирано сценарио и нарачателите, насилниците и криминалците, да понесат одговорност.