СДСM на партиска средба во беровско Мачево не ги почитува препораките за заштита од коронавирусот

СДС во Берово не ги почитува препораките за заштита од коронавирусот.

Кандидатот за пратеник Јагода Шахпаска, која е и доктор специјалист заедно со градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие, денес имаа партиска средба во село Мачево.

Ниту тие ниту граѓаните кои присуствуваа на средбата не носеа маски и ракавици. Дали нејзе, како доктор, и е важно само пратеничкото место и власта.

Истата беше изнесена од објектот маскирана во стил на Катица Јанева, откако жители на Мачево ги предупредија дека треба да ги почитуваат мерките и за нивниото непочитување ќе ги известат медиумите