СДСМ најави четири тв-дуели меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова

Александар Кирацовски, предводникот на изборниот штаб на владиниот кандидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, синоќа во студиото на 1ТВ откри дека се договорени четири дуели со конкурентот од редовите на опозицијата Гордана Силјановска Давкова за време на кампањата пред да се одржат изборите на 21 април, односно на 7-ми мај.

Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизискји дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат – рече Кирацовски, кој остави простор и за уште една телевизиска пресметка на 1ТВ.