СДСМ: Нашите политики ја штитат економијата и животниот стандард на граѓаните

 
Економските политики на СДСМ во време на глобални кризи, економска, енергетска и пост-ковид криза ја штитат економијата, како и животниот стандард на граѓаните, велат од владејачката партија
„Економијата расте и во време на криза, што се потврдува и со прогнозите на ММФ, за економски раст од 2,5 насто годинава и 3,2 проценти наредната година.
Невработеноста се намалува, паѓа инфлацијата, со мерките за гарантирани цени, се намалија и цените на огромен број прехранбени производи.
Истовремено растат платите и пензиите. Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година е покачена на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари.
Просечната пензија е зголемена за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 проценти.
СДСМ продолжува со мерките за поддршка на стопанството, како и за заштита и унапредување на животниот стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.