СДСМ не предлага решенија за подобрување, туку само радикални решенија за бришење и укинување

На денешното продолжение на пленарната седница во дискусијата по 96-тата точка од дневниот ред на која се дискутира за Предлог измените на Законот за средно образование, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска Старова со своја реплика до пратеникот од СДСМ Љубиша Николиќ реагираше на обвинувањата просветните работници се претворени во администравни работници и дека образованието во Република Македонија е сведено на најниско ниво.

Пратеничката Исмајлоска токму со ова ја започна својата дискусија и потенцираше дека ова отсекогаш се правело и дека нејасно е зошто баш сега се прави обид за креирање на впечаток дека просветните работници сега се претворени во административни работници.

Ова е нешто кое отсекогаш се правело и незнам зошто се обидуваме да создадеме еден впечаток дека ние создаваме административци од просетните работници. И мојата мајка и мојата сестра се професорки и откако знам за себе тие спремале дневни подготовки, биле посветени на тоа, им одземало многу време, ама тоа го работеле со љубов и имале мотивација“, потенцираше  пратеничката Исмајлоска.

Во однос на предлог законот за средно образование, пратеничката Исмајлоска реагираше на тврдењата дека ваков тип на екстерно тестирање нема никаде во светот. Во врска со тоа, таа ги запраша пратениците од СДСМ зошто во тој случај не предложиле некое поразлично и ново решение за проверување на знаењето на учениците, туку напротив тие посегнале кон најрадикалното решение односно бараат бришење на членовите за проверување на знаењето.

Дополнително, Исмајлоска истакна дека и порано во Македонија постоеле стресни приемни испити кои и покрај тежината на истите тие биле во корист на учениците за понатамошен кариерен развој.

Исмајлоска исто така нагласи дека предлози за унапредување и подобрување на екстерното тестирање, но не заради предлозите од СДСМ за бришење на членовите, туку затоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се постојано на терен каде забелешките од учениците, наставниците  и родителите се земаат во предвид кое се од помош за изработка на решението за подобрување на екстерното тестирање.

На крајот, таа уште еднаш потенцираше дека пратениците од СДСМ немаат предлози за подобрување и унапредување на процесот на екстерно тестирање, туку само радикални потези од типот на бришење и укинување.