СДСМ не прифаќа професионалци во МВР

862

Заменик министерката во Министерството за внатрешни работо, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за прв човек на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

 Информацијата за Алсат ја потврдика лично Петровска појаснувајќи  дека добила вкупно 11 решенија, од кои потпишала  10, а го дисквалификувала Ставревски. Тој не бил прифатлив затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“.

Предлогот за негово именување го дал техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува Чулев да предложи и други назначувања, за исполнување на нормата од 15 измени на лидерските позиции во МВР.

Петровска е долгогодишнен истакнат активист на СДСМ, која јавно ja критикуваше минатата власт преку социјалните мрежи, но како шефица на кабинетот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, не може да се пофали дека на дело дејствувала нешто да се промени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.