СДСМ нема став за пописот, разногласието кажува дека фалсификатот им е приоритет

Во ист ден Владата излезе со став дека го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за купување на терминали со отпечатоци на прсти за спроведување на пописот, за веднаш потоа министерската за одбрана Радмила Шеќеринска да излезе со спротивен став дека не го прифаќаат предлогот, реагираше во понеделникот опозицискат партоја и бара од владејачката СДСМ да се одлучи и да заземе став.

„Срамота е владата да нема став во однос на пописот. Разбираме дека во СДСМ има внатрепартиска пресметка која резултира со дифузија во ставовите, но СДСМ треба да сфати дека не смеат да ги минираат стратешки важните процеси за државата поради нивните внатрепартиски препукувања“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараат од Владата да излезаат со конкретен и конечен став по нивниот предлог, односно дали тој се состои во изјавата на премиерот Зоран Заев или во пораката на неговата министерка за одбрана

„ И Заев и Шеќеринска мора да сфатат дека пописот е сериозна статистичка операција која и е потребна на државата за спроведување на политики на среден и ма долг рок и како таков мора да биде прецизен и со јасна методологија, а не ток да биде предмет на политички договор“, се додава во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предупредуваат дека партијата нема да признае попис кој власта ќе го турка еднострано без поширок консензус од македонската јавност.