СДСМ: Оправдувањата на Груевски се само страв од соочување со личната одговорност

Наместо да се соочи со одговорноста за сѐ она што им го направи на граѓаните и државата во изминатите години, Никола Груевски продолжува со своето расипничко однесување и без срам призна дека сакал да се купуваат уште неколку „Мерцедеси од 600 000 евра, пари на граѓаните“, реагираше СДСМ во саботата по интевј на поранешниот премиер Никола Груевски во кое беа оофатени колем број прашања од актуелните случување на домашната политичка сцена.

„Груевски призна дека сакал да се набават барем уште три – четири скапо платени автомобили, веројатно и на ист начин како што го набави Мерцедесот, тајно и далеку од очите на јавноста. Ваквото негово признание потврдува дека тој ниту мислел ниту ќе мисли на потребите на граѓаните, туку дека работи исклучиво за исполнување сопствени желби и потреби.

Граѓаните многу добро знаат како владееше Груевски. Целата јавност слушна кој и како нарачуваше рушење на „Космос“, кој и како договараше провизии за автопатите, како се правеа изборни нерегуралности и како се нарачуваше насилство пред Општина Центар.

Лицемерните оправдувања на Груевски не се ништо друго освен страв од одговорност и потнецување на граѓаните и институциите. Токму таквиот потценувачки однос на Груевски кон граѓаните и институциите, беше казнет од мнозинството граѓани кое одбра промени и стави крај на 11 годишниот режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ .

Никола Груевски никогаш не мислел на граѓаните. Не мислеше ниту кога како премиер земаше провизии, купуваше Мерцедеси и плацеви и се богатеше на сметка на осиромашените граѓаните, не мисли ниту денес кога како опозиција се обидува да ги закочи и понижи институциите и да ги спречи реформите што носат добро за сите. Груевски треба да собере храброст и да се соочи со личната одговорност, а чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од лицемерните, себични и антидржавни ставови на Груевски, кои се спротивни на граѓанските и државните интереси“, се вели во реакцијата од СДСМ.