СДСМ остана без четирите пратеници на Беса

Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група „Можеме“, сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата движењето Беса, стои во дописот до првиот човек на Собранието, Талат Џафери, кој е испратен на 14 ти месецов, објавува порталот „Лидер“, пренесува НетПрес.

Известувањето до Џафери го испратиле и лично го потпишале пратениците Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадил Зендели и Бастри Бајрами. Документот е направен на 14 септември, годинава, а предаден во собраниските служби на 17 септември, годинава.