СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма

Факт е дека економскиот тим на социјалдемократите се распаѓа. Професорот Узунов даде оставка, а Зоран Јовановски и Игор Ивановски се дистанцираа од СДСМ веќе подолго време. На само девет месеци пред изборите СДСМ остана без економски тим.

По се изгледа се повеќе се множат проблемите на Бихаќка. Додека СДСМ се соочува со се поголемото незадоволство кај членовите за потпишаниот договор, сега се појави уште еден голем проблем: Кој економски експерт ќе им ја пишува економската програма?!

Потпретседателот на СДСМ ja напуштa партијата поради анкетата на ИРИ
Узунов најави дека ќе ја напушти партијата во колумната за „Утрински весник“

Како што пишува „Курир“ по официјалната оставка на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, економскиот тим во СДСМ е растурен.

Инаку Узунов пред неколку дена, по објавувањето на резултатите од анкетата на ИРИ, најави повлекување од политиката во неговата колумна за „Утрински весник“. А вчера, само два дена по потпишувањето на договорот од Пржино, и официјално ја поднесе оставката.

Според познавачите оваа одлука на Узунов е резултат на несогласувањата со Зоран Заев околу стратегијата на СДСМ, а чашата ја прелила анктетата на ИРИ во која се гледа дека ВМРО ДПМНЕ и понатаму има двојно поголема предност пред СДСМ и покрај 6 месечното „бомбардирање“ со наводни прислушувани разговори.

Дека економскиот тим на социјалдемократите се распаѓа и  дека СДСМ остана без економски тим потврдува и фактот дека освен професорот Узунов, од СДСМ веќе подолго време се има дистанцирано и Зоран Јовановски, кој важеше за еден од најкомпетентните економисти во партијата.

Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка
Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка

Ако на ова се додаде дека и Игор Ивановски Шема, од економскиот факултет, се пасивизираше по доаѓањето на Зоран Заев, тогаш се поставува прашањето кој компетентен економист ќе му ја пишува програмата на СДСМ на престојните избори. И Јовановски и Ивановски беа маргинализирани во СДСМ, затоа што му беа противкандидати на Заев за лидерското место во СДСМ.

„Курир“ повикувајќи се на сопствени извори пишува дека токму затоа во редовите на СДСМ владее видна нервоза и загриженост, бидејќи на 9 месеци до изборите во април, СДСМ нема ниту П од програма за економски развој на Македонија, а и тимот кој треба да ја составува е десеткуван.

Според нив, откако СДСМ остана без економски тим, лидерот Заев кампањата или ќе ја води со набрзина и нереално составена економска програма, или ќе мора да води исклучиво негативна кампања, со политички флоскули и деструктивна политика во време на предизборието.

Ваквата стратегија на СДСМ досега се покажала како погубна, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ изминатите години пред граѓаните излегуваше со конкретна програма, проекти и рокови, како и отчет за сработеното и тоа им донесе 9 изборни победи по ред.