Јавно го замолувам Венко Филипче во стилот на Бранко Црвенковски: Венко бери памет, јас сум во пензија, ама уште давам голови со глава. Немој после од играчка да биде плачка. СДСМ не е од на мајка ти имотот.
Патем неможам да го критикувам повеќе од ова Венко Филипче зошто има спасено многу животи како доктор.
Некогаш навистина сум многу наивен, во превод тоа значи дека сум глуп, туп и неинтелегентен. Два месеца по ред се докажувам со луѓе дека не смее да се потцени СДСМ, дека може да се вратат, да создадат опозициски фронт за локалните избори, да дојдат во ситуација во Скопје да може да пробаат да победат во три општини и да имаат значителен број на советници во Град Скопје (уште од сега кажувам дека ВМРО фикс победува во Скопје и дека гласам со две раце без разлика кој е кандидат, Златко Перински исклучително способен и воспитан човек или Орце Георгиевски што завршува работа за 5 минути, а претходно тлеела со години).
И тоа е така додека не се консултираш со другари и ми велат, се’ убаво ова што го збориш, ама: За кој СДСМ ти зборуваш, ТОА Е УМРЕНА РАБОТА.
И еве да коментирам најнови кадровски ререшенија во рамките на реалноста.
Од државотворна партија до обична зафрлена селска заедница се стигнува само на еден начин: со „Сељачко К*рчење“. Сега сите – еве збори против Заев. Напротив он е трговец – поединец. Ова е кога се претставуваш интелектуалец демек голема величина, а суштински ни дома не те сакаат па си го оговараш НАТО дека ти е спас и кариера, а кога ќе утврдат лепотиве од НАТО игранка со Русија за екплоатација на стратешки важни метали, јас можам само да им кажам кој Ви е крив, да си ја чувате до даљнега.
За оние кои не паметат, во далечната 1998 година за време на тогашните парламентарни избори СДСМ имаше еден прекрасен спот во кој главната улога ја има Бранко Црвенковски и вели: „Не секое племе може да има своја држава“.
Од денешен аспект можам да го замислам Бранко Црвенковски како седи во својот кабинет, си решава крстозборка и сам со себе си зборува: Еее Бранко, Бранко, кој ти е крив кога имаш наследници дефектни!
За да можеме да се разбереме суштински. Кога беше уапсен мојот голем другар Дарко Перушевски-директор на Телевизија А1, ниту крив ниту должен и му измислија дека наводно должел милиони евра за данок, јас како индивидуа се приклучив на опозицискиот блок, ама и знам кај идам и знам дека нема да ме сакаат обичните нивни членови бидејќи не сум автохтон, староседелец.
Ама во СДСМ и сите други партии, ако не си автохтон тогаш можеш да разговараш само со оној кој те примил и не го шириш кругот на твои размислувања.
За разлика од СДСМ нивните главни конкуренти ВМРО, а богами и овие во налет како ЗНАМ, од 2006 година ја сменија матрицата на однесување и дозволија да дојденци и автохтони се измешаат. Морам да признаам дека одредени дојденци мислеа дека се главни во ВМРО, па плачеа по амбасади.
И сега наместо да учат овие од СДСМ од нивните конкуренти тие се врзуваат со најлошиот коалиционен партнер самопрогласеното Граѓанско Општество. И таквите ги внесуваат на клучни места во партијата, а оние кои се партиски ги тераат да даваат нерационални изјави како што го направи тоа Сања Лукаревска дека воздухот се загадил од ВМРО.
И сега да ја прашам следново: Како една сериозна жена како нејзе може да падне на најсељачката кампања и фора наметната од друг кадар, кога немаш елементарни образовни познавања од темата ЗАГАДУВАЊЕ?
Но, сепак јас имам голема задршка кон оваа госпоѓа поради една личност, Богдан Матиќ- Боце Шпон (за жал покоен) кој ми велеше, Сања е убава вака, но е многу убав човек.
Еве како ја имаат наместено Сања. Да ги искоментирам следниве три грации кои немаат елементарни човекови особини за нормален однос кон своите сопартијци.
ФАНИ КАРАНФИЛОВСКА ПАНОВСКА
Јас ја паметам како фина и воспитана, немам намера да ја потценам по ниеден основ ама тоа нема врска со партија и идеологија која се препознава од многу далеку. Значи со нејзе соработка НИКОГАШ, а ни тогаш.
Нерационалната изјава на Лукаревска доаѓа само од едно место. Бонбона кампања за лажење народ и внесување на паника кај истиот (за што патем се лежи во затвор на многу години). Оваа госпоѓа е донесена да биде креатор на злобни кампањи и да донесе пари за финансирање и промовирање на истите преку ментално исфрустрирани, невоспитани и надмени „сељачко курчевити“, пред се’ млади кадри кои нема да имаат однос кон партијата и кон нејзините членови бидејки ќе се промовираат како идна интелектуална класа. Фрчко им е идол.
АНА ЧУПЕСКА
За да се види простотилукот на оваа госпоѓа само треба да се изгледа нејзиниот настап кај Александар Видиновски во Само Вистина на ТВ Канал 5.
- Сакаше да го замолчи домаќинот демек она е професорка;
- Промовираше криза со отцепување на делови од Македонија од страна на Албанците и нивно промовирање во народ кој не ја сака оваа држава;
Затоа другарице со врски професорка (како те објасни Љупче Златев лепотански) „Марш од нашите животи“.
КАЈА ШУКОВА
Другарке еве најљубезно да те замолам, оди си со време. Не Ви е срам да ја местите Сања Лукаревска? Воздухот од ВМРО се загади? А, што не кажете како си ги чешкате по дома (срам Ве било) нормално образите и молчите да констатирате дека Лојане, Велес и Јегуновце може да убијат 100.000 народ, ако не се исчистат? Ако го почитуваш СДСМ.
Поради таквите како тебе, Јованка Струмица и Пјер де Валандово има да ни се случат следниве работи, а Вие уште мислите дека ние нормалните сме глупи. Ексклузивно само за другарите од СДСМ:
- Си добивме градоначалник на Валандово за 450 милиони евра, што ние од цела Македонија мора да ги платиме;
- Каја Шукова и Јованка Струмица одработија со својата неписменост Рудникот Иловица-Штука да може да не’ тужи директно на арбитража и да не’ добие со неколку милијарди евра!
- За разлика од овие две непогоди интелектуални Крешник Бектеши е за партизанска споменица и прогласување за народен херој зошто донесе одлука да во Струмица каде не живее ниту еден Албанец се вложат 430 милиони евра и секоја година 200 милиони евра плус;
Како беше она (без Сања Лукаревска): ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ СИТЕ ДО ПОСЛЕДНА!
Да живее Македонија!!!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес