СДСМ: Пакетот економски мерки позитивно оценет и од ММФ

Со цел за поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од корона вирусот се реализира големиот пакет првични економски мерки вредни 200 милиони евра, тврдат од владејачката партија.
Според СДСМ, со усвоените мерки што веќе се реализираат, државата спасува 250.000 работни места и помага на над 35.000 компании. Мерките, исто така, ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата по 14.500 денари, плата за април и мај.
„Оваа мерка значи поддршка на секој работник, но значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците… Управители и сопственици на бизнисите вработени во фирмите исто така ќе можат да ја користат оваа мерка“, се  наведува во соопштенеито.
„Економските политики што ги спроведе Владата предводена од СДСМ ја задржа довербата на меѓународните финансиски институции во нашата економија.
Мерките што се спроведуваат се добро оценети од страна на ММФ и затоа поддршката од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените“, уверуваат од партијата.