СДСМ поденесе предлог измени на Кривичниот законик за застарени дела, а и ВМРО-ДПМНЕ со законско решение

СДСМ поднесе Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик за побавно застарување на кривични дела во законодавниот дом . Пратеникот Александар Кирацовски денеска на прес конференција ги образложи измените со кои се предлага апсолутната застареност на кривичните дела сторени од функционери кои залоупотребиле службена должност да биде пролонгирана за една третина односно како што објасни застареноста да биде пролонгирана за трипати подолг временски период наместо досегашните два пати .

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, пак, од каде исто така најавуваа свое законско решение, и на кое работат во правната комисија во партијата , велат дека не го погледнале законот на СДСМ но велат ќе поддржат се што е во насока на владеење на правото и правната држава без било какви условувања.

Она што е познато пак дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски веќе иницираше ветинг на функционери и политичари како и испитување на потеклото на имотот . Нивната иницијатива пак се уште се чешла внатрепартиски во правната комисија , од СДСМ пак велат со новите предлог измени ќе иницираат и јавна дебата и се надеваат дека ова законско решение ќе ја помине собраниската процедура до распуштање на парламентот и распишување на изборите.