СДСМ подготвува партиска чистка на 5.000 луѓе

Петар Гошев во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма телевизија потврди дека СДСМ ќе спроведе чистка во институциите. „Судството полицијата, образованието мора да се врати на вистинскиот колосек“, вели Гошев.

-Рековме судството полицијата, образованието мора да се врати на вистинскиот колосек мора да профункционира институциите во согласност со Уставот на Република Македонија таков каков што е тоа мора да го направи прво власта нова, тоа се прави со смена на луѓето кои што работеле сосема спротивно од тоа. Се разбира има инсталации на повеќе нивоа и тоа ќе треба да тече како процес, можеби ќе треба три незнам пет илјади луѓе и т.н да бидат променети од позициите кои што сега ги држат и му служеле на фирерот, истакна Гошев во гостувањето во Топ Тема.

Со оваа негова изјава се согласи и водителот Александар Чомовски според кој тоа е нормална процедура.

-И да не е до служење нормална процедура е три до четири илјади да бидат сменети во ешалоните  приви втори директори и т.н, вели Чомовски.