18 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

СДСМ: Политиканството и партискиот маркетинг за Мицкоски се поважни од здравјето на граѓаните

70

Политиканството и партискиот маркетинг за Мицкоски се поважни од здравјето на граѓаните,реагираат од СДСМ на прес конференцијата на лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски е поголем лажго и од Никола Груевски, излегува на прес конференции за да не каже ништо, го интересира само неговата партиска фотелја.

Во време кога целиот свет, целата држава и сите институции беспоштедно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се впрегнати во дневна политика полна со лажни вести, невистини и празни обвинување.

Очајнички обиди да добијат политички поен на маката на граѓаните и државата.

Таквото несериозно, неодговорно и срамно однесување е невидено во домашната но и светската политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.