СДСМ поразен од коалициските партнери во Шуто Оризари и во Арачиново

Тешкиот пораз на владејачкиот СДСМ на локалните избори во Македонија одржани во неделата, го надополнија и победите на кандидатите на коалициските партнери ДИУ и ЛДП/ДОМ над кандидатите на социјалдемократите во скопските општини Арачиново и Шуто Оризари.

По првиот изборен круг, Заев ја набројуваше Шуто Оризари како општина во која СДСМ влегува со водство, но денес ја загубија и неа.

Курто Дудуш кој беше кандидат на ЛДП/ДОМ го победи Ферат Асан од СДСМ.

Битка меѓу коалиционите партнери од власта се водеше и во Арачиново. Победник е Ридван Ибраими од ДУИ, а Миликије Халими од СДСМ загуби на изборите.

.