СДСМ повторно го крши Уставот, спроведување избори на 5 јули е неразумно

Нема услови ни за кампања, ниту за кампања туку било какви изборни активност, Државната изборна комисија вели дека им се потребни повеќе од 20 денови истакна проферот Александар Даштевски во својата изјава за Инфомакс.

Посочува дека во моментов Македонија има голема бројка на новозаразени од коронавирусот секој ден и дека на 5-ти јули не може да има услови за предвремени парламентарни избори.

„Кога ќе почнат да паѓаат бројките да прекинеме со вонредната состојба и да се изведе оваа процедура во рокот од 60 дена и да се направат предвремени парламентарни избори. Според мене најдобро е на 30 август или 13 септември. Не дека опозицијата го бара тој датум, реално е гледате и вие велеа 21 секако па никој нека не излезе, сега тоа е апсурдно да се размислува. Потоа 28, сега 5 јули, тоа е исто како 28 една недела само се одложува. Сите очекуваат продолжување на вонредната состојба, ова што се случува сега не е нормално“, вели Даштевски.