СДСМ повторно со сценарио за протести

Опозициската СДСМ, применувајќи силен притисок врз своето партиско членство, подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота.

Терминот на протестот, кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани, е планиран намерно за во сабота денот кога ќе се одржи конвенцијата за претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Главен организатор на планот, според извори на Нетпрес во опозицијата, е Миле Зечевиќ, кој во времето на влаедеењето на СДСМ, беше на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање. Исто така со него во организацијата е вклучен и Кире Наумов, кој беше забележан од објективите на фоторепортерите на протестот на наводните стечајци, кој се одржа пред владата пред околу една недела.

str

Според изворите на Нетпрес, учесниците на протестите ќе бидат довезени во Скопје, главно од општините во кои е СДСМ на власт, поточно од Струмица и од Куманово. За трошоците биле задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини. Неофицијалните информации велат дека во финансирањето вклучени се и испоставите на СОРОС во земјава, поточно во делот на трошоците за превоз на партиските членови кои треба да бидат донесени во Скопје, односно оние кои треба да настапат под превезот на стечајци и социјално загрозени граѓани. Не се исклучува опцијата за време на протестот намероно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот.

Партиска наредба од централата во Скопје добила буквално секоја општинска организација на СДСМ во Македонија. Секоја од нив требала да достави список со точен број на имиња и презимиња на лицата кои ќе патуваат во Скопје. Меѓу општинските организации, кои добиле наредба да донесат најголем број на луѓе се Прилеп, Велес, Штип, Охрид и Битола.

olgica

Досега, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ организираше дузина вакви сценарија за немири и политичка дестабилизација во Македонија, и постојано на протестите го користи своето членство кое го претставува според потребите на својата дневна политика. Па така членството на СДСМ глумеше стечајци, незадоволни земјоделци, незадоволни граѓани од изградбата на новите објекти и споменици во Скопје, и други разно разни социјално незадоволни граѓани. И во последниов пример СДСМ за сопствени политички цели сака да создаде турболенции и напнатост во земјава, со цел дефокусирање на јавноста во Македонија од конвенцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот избор за кандидат за претседател, кој според досегашните анкети и рејтинзи е убедлив фаворит за нов претседател.

slika-rad

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.