СДСМ прашува дали Мицкоски бега од брзи избори?

„Дали Христијан Мицкоски сака да побегне од предлогот за брзо соочување на предвремени парламентарни избори? Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат итни предвремени парламентарни избори, а денеска кога има конкретен предлог, тој измислува изговори, соопшти СДСМ.

-Очигледно Мицкоски знае дека нема поддршката кај граѓаните и дека го очекува нов пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат идеја, ниту визија, понуда, немаат ниту програма. Тие само сакаат обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата и бесперспективноста во која ја држеа државата заробена. Тоа граѓаните нема да им го дозволат, на предвремени парламентарни избори, граѓаните повторно ќе ја поразат режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ како што ја поразија и на претходните парламентарни, локални и претседателски избори, се вели во соопштинето на партијата.