СДСМ пред сериозен расцеп, лојални кадри му порачуваат на Заев – Дури и Бранко да правеше листи повеќе нови луѓе ќе ставеше

Вчерашното објавување на листите внело сериозно разбранување на духовите во СДСМ и искрено незадоволство, како и се’ погласни коментари низ кулоарите. Лојални кадри на партијата кои речиси 30 години биле со СДСМ во сите падови и подеми се разочарани од тоа што Заев не смогнал сили за промени, и како што велат, ништо и од метлата која не замете ниту по претседателските избори, а очигледно за која не се ни помислува пред парламентарните избори.

НетПрес од партиски извори дознава дека на затворен состанок еден член на централниот одбор на СДСМ отворено коментирал со реченицата: „дури и Бранко Црвенковски да ги правеше листите повеќе нови луѓе ќе ставеше“. На остри коментари наишле и предлозите на Заев на листите да се најдат Зекир Рамчиловиќ кој беше поранешен член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, како и Панчо Минов кој гравитираше од ГРОМ кон СДСМ. Инаку, кавадарчанецот Минов, во доскорешниот парламентарен состав влезе како пратеник на коалицијата на неговата партија со ВМРО ДПМНЕ, за потоа да премине во СДСМ. Секако неопростиво било и тоа што Никола Димитров, кој кариерата ја почна исто така во ВМРО-ДПМНЕ, сега ќе биде носител на листа на СДСМ. Еден член на Извршен Одбор на СДСМ и актуелен градоначалник коментирал дека иако Заев постојано збори против Груевски, сите негови луѓе кои ВМРО ДПМНЕ ги отфрли, Заев ги прибра, велат нашите извори.

Исто така, се’ повеќе луѓе се разочарани од Заев кој ветувал исти добитни места на повеќе луѓе, кои по објавувањето на листата за пратеници виделе дека нивните имиња никаде ги нема. Конгресот вчера заврши, но листите не се затворени. Така на пример добитното 6-то место во 5-та изборна единица се’ уште не е утврдено. Па така, дури три страни тврдат дека го имаат, и од партијата на Турците, и од партијата на Фијат Цановски, како и Бабовски од Влашката Аосицијација.

Заев добил забелешки и од форумот на жени од СДСМ, при што било речено дека иако било ветувано рамноправност само една жена носител имало на листите. Главните критики биле на сметка на тоа дека Шекеринска, Спасовски и Заев како транзициски кадри не може да повлечат нови гласови, и дека СДСМ ја чека долга криза по изборите.

Заев смирувал незадоволство нудејќи места во извршната власт, но присутните не му верувале дека ќе се стигне до шансата за формирање на влада, со оглед на водството на ВМРО-ДПМНЕ кое се покажувало јасно на анкетите.