СДСМ преполовена – клучни луѓе не му дојдоа на Централниот одбор на Филипче

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана во вторникот вечерта, на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче, пишува Плусинфо.

„Веројатно разочарани од однесувањето на Филипче и од неговата променада во Дубаи, а и од многу други причини, голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.

Седницата се одржала на работ на кворум, а отсуствувале поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници…

Од фотографиите објавени од седницата токму на страницата на СДСМ, може да се забележи дека на работната маса лидерот го придружува еден член на стручните служни на Бихаќка и Јон Фрчковски, во непознато својство.

Бесен од оваа срамна слика, Оливер Спасовски дискутирал остро и неговиот говор бил доживеан како жестока критика на раководството на партијата на чело со Филипче, кој од Бихаќка направил не втора или трета партиска лига, туку потсојуз.

Не поминал ни предлогот за статутарна промена со која би се укинало местото заменик претседател. Некои членови на Централниот одбор ја нападнале оваа идеја како отстапка од политиките за родова еднаквост. Досегашната заменичка Сања Лукаревска резигнирано рекла дека слободно можат да го укинат тоа местро, бидејќи таа и досега не се чувствувала како партиски функционер. На ова се надоврзал партискиот потпретседател Фатмир Битиќи, кој рекол дека ако сакаат можат да ги укинат и потпретседателските места во партијата, бидејќи и тие ништо не значат.

Во ваква туробна атмосфера, Филипче останал само на идејата да се воведат двајца организациски секретари, за кои уште сега се знае дека се „избрани“ и дека се негови блиски луѓе“, пишува Плусинфо.

Прочитајте повеќе на ПЛУСИНФО..