СДСМ: Препораките на историската комисија се реципроцитетни и не задираат во идентитетот

Препораките на мешовитата комисија за историски прашања се на принцип на реципроцитет и тие не задираат во идентитетот и тоа не може да го промени ниту една лага, ниту едно нервозно соопштение од белиот дворец, реагираше денеска СДСМ на претходните напади на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дебакл доживеаја лажните вести и дезинформации пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно бришење или менување на историјата се потопени. Нема никаква асимилација, нема никаква бугаризација со кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеше граѓаните, затоа денеска се нервозни во белиот дворец, затоа што не им успеа да го излажат народот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и останаа на спротивната страна од државните и националните интереси“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.