СДСМ продолжува да си екипира криминалци пред избори

СДСМ продолжува да си екипира лица со криминални досиеја непосредно пред одржувањето на локалните избори закажани за 15 октомври.

Последен во низата е скопјанецот Јане Павловски познат под прекарот Тица. Тој и официјално се пофали со својата поддршка за изборите за Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје и Златко Марин, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, двајцата од редовите на СДСМ. Павловски на јавноста и е познат по своето криминално минато. Тој беше првоосомничен за убиството на кумановецот Ромео Живиќ во центарот на Скопје, кое се случи пред околу 13 години.

Пред околу две недели од затвор беа ослободени кумановецот Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи од скопското село Кондово.

Красниќи беше пуштен на викенд од затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, објави неделникот „Република“.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор. Красниќи сега е на слобода, а за тоа е заслужна новата владејачка гарнитура, на која одлично би и дошло овој криминалец да го повтори делото и на следниве избори. Иако во јавноста излегоа информации дека тој не е целосно ослободен, дел од медиумите уште на почетокот на месецов пишуваа дека Красниќи ќе има право викендите да ги минува на слобода, што значи дека тој ќе биде на слобода и викендот кога ќе се одржуваат избори, во саботата кога е предизборниот молк и во неделата, на денот на избори. Со оглед на тоа дека Красниќи беше уапсен за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на парламентарни избори, може само да се претпостави овој пат која улога треба да ја одигра во корист на Заев и СДСМ. Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини, пишува во текстот.

Истовремено од затвор беше ослободен и Бајруш Сејдиу, поради наводни здравствени причини. Сејдиу повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. 

Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции.

Привремениот прекин е од медицински причини, кои очигледно немаат допирна точка со реалната здравствена состојба на тутунскиот бос.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Веднаш по неговото ослободување, како и она на Агим Красниќи, јавноста коментираше дека Владата ги ослободува Сејдиу и Красниќи, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори, објави порталот „Курир“.

„Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово.

Куманово е плаво за живот во Р.М. Да живее Зоран Заев, порачува Бајруш Сејдиу.