СДСМ прогласи победа во прв круг во четири општини

Од владејачката СДСМ велат дека според оние резултати што стигнале до нив, веќе имаат сигурна победа во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово.

Резултатите покажувале дека водството на нивните кандидати е убедливо во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево и оттаму веруваат дека е можна победа уште во првиот круг.