СДСМ: Растот на БДП значи дека економските политики на Владата даваат резултат

Министрите на СДСМ поднесоа оставки
Министрите на СДСМ поднесоа оставки

Растот на бруто домашниот производ е показател дека власта на СДСМ добро ја води економијата на државата, соопштија од владејачката партија, од каде додадоа дека економијата дополнително ќе расте со интегрирањето во ЕУ и НАТО.

„Последниот официјален податок на Државниот завод за статистика, што покажува раст на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третото тримесечје од 2018 година ја потврдува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од овој раст во последниот квартал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто. За нешто повеќе од една  година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Растот на економијата покажува дека економските политики даваат резултат.

Ваквиот позитивен тренд на раст на економијата дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат економски раст, поголеми плати и пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.