СДСМ се фали до градинките направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува опозицијата

Играње со чувствата на децата и родителите! Навистина се смешни тврдењата на пратеничката Тасевска дека СДСМ работи посветено на детската заштита. Во случај на пандемија од Ковид не ги заштитија работничките со продолжување на породилното отсуство, не успеаа да го организираат процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца, стои во Фејсбук статусот на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ.

-Се фалат со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаа на време ниту да ги довршат ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО ДПМНЕ изгради 70-градинки низ цела Македонија. Места нема во градинките до септермври, а родителите плаќaат само за да го „сочуваат“ местото кое не го користат. Системот на детска заштита не функционира, а се фалат со промоција на „европските“ вредности од предучилишна возраст и основното училиште. Каква циркусијада и бламирање со чуствата на родителите и децата. Треба да се засрамите! Кога реално ќе ги решавате проблемите на граѓаните излезете да држите пресови, повеќе нема ниту да ве коментираме! Комисија за труд и социјална политика,демографија и родови прашања при ВМРО-ДПМНЕ, пишува во Фејсбук објавата.