СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи

Очајноста на СДСМ се повеќе се забележува. Од ден на ден СДСМ се повеќе се вплеткува во нови лаги во кои ниту мало дете веќе не им верува. СДСМ и Зоран Заев ништо не изградија за доброто на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев единствено го унапредија криминалот и корупцијата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните многу добро знаат дека во време на пандемијата КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца. СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ и Зоран Заев се што допреа уништија, нивната неспособност ја уназади Македонија во секое поле.

-Нема полошо од СДСМ за Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.