СДСМ се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ од предизборната програма

Општинската организација на СДСМ Кавадарци ги манипулира вработените во детските градинки, ова денеска преку прес-конференција го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци.

-Држејќи прес конференции и фалејќи се со проекти дека владата на СДСМ ги покачила платите на стручниот кадар на вработените во детските градинки не е ништо друго освен гол популизам од страна на ОО СДСМ. Имено, СДСМ на само пред два месеца од предвремените парламентарни избори врши директен поткуп на вработените во детските градинки. Доколку СДСМ навистина се грижеше за вработените во детските градинки ќе им ја зголемеше платата пред три години, а не сега во очи на изборите. Вработените во градинките станаа жртви на лагите на СДСМ и Зоран Заев. Но, граѓаните на Кавадарци се мудри и знаат дека ова е само уште една лага од низата лаги на СДСМ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци.

Од партијата додаваат дека поради ваквите лаги СДСМ и Зоран Заев не заслужуваат да остане на власт. Почитувани, Кавадарчани ги препознаа деструктивните и расипнички политики на СДСМ и затоа на 12 април ќе го поразат Заев и ќе го испратат на темната страна на историјата. На 12 април следува Обнова на Македонија и вистинска грижа за сите граѓани.