СДСМ се оградува од објавата на СДСМ

СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново.

„Станува збор за злоупотребата на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност.

Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија“ – велат од СДСМ.