СДСМ се пресметува со сите политички неистомисленици

Владејачката СДСМ се пресметува со сите политички неистомисленици и се обидува да го задуши екој глас кој не оди во прилог на актуелната власт, рече Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј.

Нелоски, беше запрашан од водителот дали е точно дека се приведуваат членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за наводно нарушување на јавниот ред и мир. На ова Нелоски одговори дека пред некој ден членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од ОК на Аеродром, но и ОК Струмица и Битола беа повикани на информативни разговори во подрачните станици во нивните општини поради наводно нарушување на јавен ред и мир, заради исцртување на одредени графити во тие општини.

Од она што го имам како информација од тие деца е дека тоа не е вистина, дека немаат конкретни докази со кое што ќе го поткрепат нивното обвинување кон нив, посочи Нелоски при неговото обраќање во живо на „Македонски Корени“ од Сиднеј.

Нелоски нагласи дека јасна е пораката која што се обидува Зоран Заев и власта тука во Македонија да ја пренесат, а тоа е да дадат јасна порака дека секој оној кој не се согласува со нив е мета.

Тие ќе направат сѐ што е во нивна можност да ги спречат граѓаните кои не се истомисленици со ставовите на Зоран Заев да говорат, рече тој.

При самото излагање Нелоски посочи уште еден пример каде еден голем активист на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се голем Македонец бил повикан исто така на информативен разговор поради пишан став на Фејсбук.

СДСМ продолжува тука во Македонија да се пресметува со сите неистомисленици и се обидува на еден начин да го угуши секој глас што не му одговара, рече Нелоски.

.