СДСМ: Секој што мисли различно од Мицкоски е предмет на омаловажување

И по шест порази од граѓаните, докажаниот губитник Христијан Мицкоски не ја научи лекцијата. Неговите закани кон професори кои јавно посочуваат дека партиското собирање потписи против пописот е „егзибиционизам кој нема правна основа“ покажува дека Мицкоски е во режимската матрица на неговиот вистински шеф, реагираше СДСМ преку соопштение.

„Секој што мисли различно од Мицкоски е предмет на закана, навреда, омаловажување. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски се заканува затоа што е нервозен, соочен со сопствениот очај. Затоа шест пати губи од граѓаните, затоа се во опозиција и затоа уште долго таму ќе останат“, наведено е во соопштението.