СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира матурантите

Со денешната изјава, на виделина излезе дека токму ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои заради дневнопартиски цели манипулираат со матурантите и средношколците, реагираше СДСМ преку соопштение.

„Наместо да нуди конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира матурантите и очајно се обидува да го поткопа образованиот систем на штета на генерации ученици. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што ем бара матурантите да се стекнат со повеќе знаења, ем бара предметите за полагање на државна матура да се намалат двојно. Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Оваа партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните, на интересите на учениците и наставниците. Затоа се таму каде што се, во опозиција, каде долго ќе останат. Континуитетот на наставата и матурата се во најдобар интерес на учениците и идните генерации. Ги повикуваме и апелираме до граѓаните, матурантите и учениците да не подлегнуваат на политичките манипулации на ВМРО-ДПМНЕ кои може да му донесат само штета на образовниот систем“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.