СДСМ со лажните соопштенија не може да сокрие дека секој четврти работник во земјава има намалена плата

СДСМ со празните соопштенија се лаже себеси не граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи реалноста е многу поинаква, Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

„СДСМ со лаги не може да го покрие фактот дека дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата. Секој четврти работник во земјава има намалена плата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека крајот на лагите на СДСМ им се ближи.

„По ова следува крај на оваа криминална власт. Граѓаните веќе знаат кој им мисли добро, а кој ги лаже“, констатираат од партијата.