СДСМ со обвинување за бугарските медиуми и за ВМРО-ДПМНЕ

Владеачката СДСМ во своето најново соопштение тврди дека бугарските медиуми лажат за информациите дека Заев договорил нешто во Софија но не открива во што се состои исчекорот споменат во нивната реакција.

Откако повеќе професионални бугарски медиуми открија дека Заев направил договор со официјална Софија македоснаката опозиција побара одговори на што СДСМ реагира со обвинувања за антидржавно однесување.

“ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират лаги, шпекулации и да прават конструкции со кои нанесуваат штета на националните и државните интереси и ги поткопуваат напорите за започнување преговори со ЕУ.

Од белата палата се повикуваат на медиумски шпекулации, без наведен извор и градат конструкции, со кои наштетуваат на државните и националните интереси.

Тоа е политички аматеризам класично антидржавно однесување.

Република Македонија со Република Бугарија има потпишано Договор за добрососедство и врз основа на содржината во тој договор се одвиваат и преговорите и изнаоѓањето на решенијата за ова отворено прашање коешто трае долги години”, пишува во соопштението на СДСМ.

Целото соопштение

https://sdsm.org.mk/soopstenija/27007

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.