СДСМ со плагијат кампања против Обновата на Македонија?

Под мотото „На прав пат“, владејачката СДСМ започнува нова кампања чие лого ќе биде со црвено бела боја, односно во боите на Партијата на европски социјалисти. Но тоа само ја покажува уште еднаш неинвентивноста меѓу социјалдемократите откако во блиското минато веќе неколкупати копираа партиски лога, па дури и на фабрика за банани.

Кампањата на владејачката партија почнува од сабота со трибина од Штип. Планирани се 10 поголеми трибини и 14 помали низ целата држава, а од 20 октомври партиски тимови ќе одат од „врата на врата“ со цел на граѓаните да им се објасни што е сработено од планираното.
Таа ќе се води под насловот „На прав пат“, кој недвосмислено потсетува на слоганот на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година која се водеше под мотото „Да тргнеме во вистинската насока“, односно станува збор за мала модификација. Таа сличност се надополнува и со графичка идентификација на логото, во заштитние бои на европските социјалисти.
Случајно или не, стиснатата тупаница која можеше да се забележи речиси на сите протести организирани изминативе години од страна на СДСМ кога беше во опозицијата, во 2016 година беше главен симбол и на Парадата на гордоста која се одржуваше во Белград, каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права.
И во кампањата за изборите во 2008 година, СДСМ трагајќи по ново лого го присвоија логото на странската фирма DOLE, еден од најголемите извозници на банани. Во 2012 година, пак, за тогашниот проект „Визијата за Македонија“ беѓе употребено ого од познатата југословенска фабрика за продажба на сладоледи „Пекабела“.