СДСМ свесно ја загрозува животната егзистенција на над 10.000 тутунари

Зоран Заев и СДСМ ги уништија македонските тутунари. Заев два месеци ги лаже тутунарите, а состојбата со откуп на тутунот е повеќе од загрижувачка. Тутунарите ги живеат најтешките денови, додека олигархот Заев печали на нивната мака преку увезениот тутун, смета ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и СДСМ свесно ја загрозуваат животната егзистенција на над десет илјади тутунари. Цената за откуп на тутун никогаш не била пониска од сега. Еден килограм тутун чини колку една кутија цигари. На тутунарите не им е исплатен ниту трудот, ниту маката. Жално и срамно е Заев да си поигрува со над десет илјади тутунопроизводители. Апелираме Заев да не си поигрува со тутунопроизводителите и да не ги лаже. Доколку Заев и СДСМ сакаат да им помогнат на тутунарите веднаш да ги прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е:

– Зголемување на субвенцијата за тутун за 100%, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари за килограм откупен тутун субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва класа, со што ќе се надомести разликата во цената.

– Државата, да интервенира со обезбедување на дополнителни финансиски средства за откуп на произведената количина тутун, останат без Договори и да ги насочи кон Тутунскиот Комбинат-Прилеп, кој ќе биде задолжен да го реализира откупот на недоговореното производство на ориентален тутун, до последен лист.

– Во итна постапка да се врати старото законско решение, односно да се забрани увоз на тутун за домашните преработувачки капацитети, со единствена цел да се преработува ориентален тутун од домашно производство.

– Ревидирање на мострите на ориентален тутун, во соработка со овластени и стручни претставници на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ, со што би се олеснила линијата на проверка на квалитетот на произведениот тутун и би се зголемила висината на просечната откупна цена.

– Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места за да го контролираат процесот и текот на откупот, заедно со поверениците кои се поставени во заштита на интересите на тутунопроизводителите – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев ги извисил македонските тутунари и за тоа многу брзо ќе одговара бидејќи тутунарите не смеат да бидат оставени на цедило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.