СДСМ: Успехот на Ковачевски е успех за државата, со Фронтекс обезбеден македонски јазик во ЕУ

Договорот со Фронтекс е потпишан на македонски јазик, без додавки, забелешки и фусноти, како прв договор со ЕУ по облокирањето на процесот на евроинтеграцијата на државата и започнување на преговорите со ЕУ. Ова е упех на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на Владата, на државата и на сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ соопшти дека со ова целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на исто рамниште со сите јазици во Унијата.
„По 17 години чекање, започнати се преговорите за членство во ЕУ, во тек е скринигот. Македонскиот јазик е заштитен и потврден. Нашата иднина е европска, друга алтернативна нема“, велат од партијата.