СДСМ: Уставните измени се за продолжување на европскиот пат, сите лаги на опозицијата се потопени

Интегрално соопштение од СДСМ:

Уставните измени се за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбедат европската иднина на државата и на граѓаните.

Важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа земјата е од пресудно значење и потребно е да направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.

Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна.

ДПМНЕ нема аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, сите лаги, до една им потонаа.

Прво ширеа страв и паника за асимилација и бугаризација и македонски јазик како бугарски дијалект. Не само што нема никаква асимилација ниту бугаризација туку имаме заштитен македонски јазик и идентитет.

Во вода им падна и реториката за бугарски диктат, преговорите не се водат со Бугарија, туку со Европската унија. Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а уште една лага на ДПМНЕ е дека за неа може повторно да се преговара.

Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.