14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

СДСМ вечерва на координација за можноста за заеднички претседателски кандидат

Владејачката СДСМ вечерва одржува координација на која ќе се разгледуваат сите актуелни политички случувања, меѓу кои треба да стане збор и за можноста за заеднички претседателски кандидат на претсојните избори закажани за април.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заевм пред средбата за медиумите изјави дека во тек е постапка за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател. Верува дека ќе изнајдат заеднички кандидат со ДУИ и потврди оти утре ќе има средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата, како што речем ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија каде е закажа седница за пратенички прашања.

Посочи дека не знае каква одлука имаат во ДУИ, но верува дека веќе имаат свои предлози за кандидати.

Како што изјави претходно портпаролот на партијата Костадин Костадинов, станува збор за редовна координацијана партијата.

Веќе навршува постапката околу конгресот што треба да се одржи на 3 март, согласно одлуката на Централниот одбор на СДСМ, да ги видиме кандидатите. Веројатно ќе се разговара околу можностите за настап на заеднички кандидат што е нешто добро и здраво за државата, рече Костадинов.

Според најавите, состанокот се очекува да трае до доцна ноќта.