СДСМ: Владата транспарентно го објавува и го враќа долгот

164

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која како власт 11 години тајно и расипнички ги презадолжуваше државата и граѓаните за да се остварат нечии криминални интереси, денес како опозиција се обидува да ја манипулира јавноста, очајнички обидувајќи се да ги сокрие штетите од сопственото расипничко владеење, на штета на граѓаните, тврдат од владејачката СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ за еден месец успеа да направи ребаланс на Буџетот со што се кратат трошоците за луксуз, реклами и репрезентации, a повеќе пари се насочуваат кон граѓаните, преку зголемување на минималната плата, укинување на радиодифузната такса и силна поддршка на домашните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ покажува срамно непознавање и лаже кога вели дека Владата создала долг од 4,5 милијарди денари. Со аукциите на домашниот пазар, нето задолжувањето од први јуни до денес изнесува 1,8 милијарди денари, односно околу 30 милиони евра. Истовремено, вратен е надворешен долг од 75 милиони евра, а за 55 милиони евра е намален вкупниот долг што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните.

Водејќи се од воспоставените принципи на отченост и транспарентност, Владата предводена од СДСМ за прв пат во историјата го објавува целосниот долг на државата на увид пред граѓаните, а истовремено започнува и сериозен проект со Светска банка за разрешување на овие долгови. Долговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ се враќаат, се намалуваат, парите се насочуваат кон граѓаните а јавноста навремено е информирана за начинот на кој Владата управува со нивните пари“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.