СДСМ: Власта се рекламира. Немогуќе!

Пред неколку недели нашите драги и мили, опозицискиот СДСМ и ѓоа неверојатно загрижените невладини организации, ни соопштија на нас заблуденото гражданството дека власта се рекламира и плус дека за тоа троши пари.  Па тоа е просто неверојатно соопштение. Па, ние сме живееле во темнина, а соопштувачите се нашиот светол сјај на крајот од темниот тунел. Ама истите се сериозно лажлив извор. Еве зошто.

Најновите обвинувања започнаа со презентацијата на  Анализата на пазарот во 2013 година од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги-АВМУ, која е статистичко-аналитичка анализа со податоци од кои можеш да извлечеш разни бизнис заклучоци, а не политички. Тоа што самата анализа е објавена 45 дена пред да биде презентирана на медиумската јавност и истата потоа беспредметно критикувана е само заклучок дека никој не чита, туку дека само се пополнува своето време, зошто не се знае што друго да се прави во медиумскиот свет.

Од самата анализа можеш да си поставиш неколку прашања за кои таа нема одговор и можеш да и сугерираш на АВМУ да во иднина се сконцентрира на следниве обалсти: Колкав е рекламниот колач во дневните и неделните печатени медиуми? Дали треба да се разгледува колкав е вкупниот приход во интернет медиумите и како да се сузбие нелојалната конкуренција кај истите која нуди реклама од 20 евра месечно? Дали за рекламирањето на странските спортски канали се плаќа данок во Македонија? Каков е заштитниот систем на нашата држава кога најголемиот огласувач (а тоа не е владата на Република Македонија) се рекламира на facebook и youtube? Дали МТВ која има 570 вработени и вкупен приход од 51.75 отсто од радиодифузната такса може да преживее со овие финансиски средства и колку троши на набавка на програма од домашни продукции, ако се има фактот дека половина од насобраните средства се потрошени на програма? Колку заработуваат домашните продукции кои нудат програма на домашните ТВ канали? Кога последен пат е создадена радио драма на некоја приватна радио станица? Дали има рекламно пазарен простор за Радио станица на национално ниво на албански јазик, кој несомнено го заслужува Радио Вати?  Дали е возможно да се создадат дигитално терестријални супер региони во источна и западна Македонија? Не. Зошто немаат потреба од вакви прашања и зошто немаат намера ниту познавање како да ги постават.

Затоа  загрижените невладини организации треба да се грижат како ќе вродат самосвест кај платените вработени во медиумите т.н новинари и медиумски работници и за нив и во нивно име да се потпишат синдикални договори кои ќе им користат во нивните работни права и обврски. За да се постигне тоа претходно треба да се раскине договорот со адвокатот кој седи во изнајменото биро во адвокатската канцеларија на портпаролот на СДСМ г-дин Петре Шилегов, а министерот Диме Спасов треба да им биде најголем пријател зошто токму оваа власт донесе закон за бенифициран работен стаж во многу индустрии, но не и во медиумската.

За опозиционата СДСМ има три клучни работи со кои треба да се соочат:

Прво, наместо пропаднати асистенти од електротехничкиот факултет со желба да бидат некакви евроинтегративци да им се закануваат на сите медиуми дека ќе ги сопрат парите од владините реклами, најпожелно би било да ги поздравуваат кампањите за безбедност во сообраќајот или пак за тридетно семејство, но да укажат дека треба се забрани рекламата во која е пораката дека абортусот убива, посебно кога истиот е законски дозволив.

Второ, да го објаснат демократскиот капацитет за време на последните претседателски и парламентарни избори во кои бараа да се забрани медиумско претставување на други политички партии на јавниот сервис МРТВ освен нивната и дали ги сметаат Зоран Трајчевски и Марјан Цветковски за припадници на фашистичката идеологија поради фактот што токму овие двајца од различни раководни функции дозволија медиумски пристап до сите граѓани и на нас другите политички зависници и смртници.

Трето, зошто му се лутат на г-дин новинар Александар Спасовски од телевизија Сител (опозицијата отворено најави затварање на истата во случај на доаѓање на власт, со протест пред истата) што ги направи “Сарма” за нивното појавување на прослава на фирмата Дајнерс? Ај што сопругата на директорот на истоимента фирма требаше да се појави во приватна форма, туку зошто  целиот партиски врв на опозициската СДСМ се појави на прославата и без притоа не се изјасни бар со протоколарна реченица дека ќе ја преиспита финансискта конструкција на „Куќата на злото“? Одговорот според многумина би бил во следниов лингвистички речник: Вие сте другари и другарки, пер се, суи генерис, елементарно непознавачи на јавното мислење (арх. Политички дунстери).

Затоа, кога би бил на местото на Никола Груевски во тајните разговори за влез на опозицијата во Собранието на Република Македонија би понудил генерален директор на МРТВ со конкретно име и презиме Ацо Кабранов, бидејќи ќе знам дека веднаш ќе има реакција од типот мрмрммбнбхјсџавххј џј (превод на македонски: А кај сум јас во комбинациите). Патем како претседател на Владата на РМ ќе ги исполнам сите желби на опозицијата за немашање на власта во новинарските и финансиски прилики во МРТВ. Значи нема да исплаќам дотации, нема да ги спонзорирам социјалните случаии, а на УЈП ќе и забранам да се меша во внатрешните финансиски работи на МРТВ. Уште од сега го гледам Марјан Цветковски како ја напушта МРТВ насмеан и на цел глас ја пее од Беки Бекиќ познатата нумера „Наздравимо Сречу Заувек“.

П.С. Почитуван г-дин Заев, за разлика од скопските евроинтегративци кои се подбиваат со Вашиот семеен дом и регион, навистина би се замислил што би правел кога би добил порака од некој кога моментално ќе Ве продаде што воопшто не очекувате. Иднината е многу блиска.

Авторот е независен медиумски работник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.