СДСМ влезе во војна со медиумите кои не ги контролира

Владејчката СДСМ денеска го потврди рангирањето на британскиот неделник „Економист“ на Македонија како земја на „хибриден режим“ со влегувањето во војна и клеветењето медиуми кои критички го опсервираат владеењето на партијата на Зоран Заев, а што е карактеристика за општествата со тоталитарно владеење.

Но ова не е новина за СДСМ. Од почетокот на осамостојувањето на Македонија, на што инаку социјалдемократите се потсмеваа и се противеа, разните гарнитури на СДСМ сите македонски медиуми кои не ја спроведуваа нивната политика и нивните „вистини“ ги прогласуваа за „финансирани од странство“. А секогаш се потпирала токму на медиуми кои се финансираат од Отвореното општество на Џорџ Сорос, значи од странство.

Како во времето на покажувањето на СДСМ – како продолжеток на партијата од којашто произлезе – на својот вазален однос кон Белград, сега наследниците на Комунистичката партија ја докажуваат својата верност кон Брисел и Вашингтон, но според стариот урнек – произведуваат „внатрешен непријател“. Што е карактеристика на авторитарните режими.

Така СДСМ од прес-конференција повикувајќи се на написи во словенечките медиуми, го повика македонското јавно обвинителство да се испита некаков случај „унгарски пари во медиумите“.

„Еден медиум во Словенија неодамна објави истражувачка сторија во која откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.  Тоа се истите медиуми кои режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт. Сега неговиот ученик Мицковски продолжува со странски, црни пари да ги финансира партиските мегафони за да шират антидржавна медиумска кампања“,  рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ без да наведе ниеден конкретен пример како поддршка на од неа изкажаните клевети.

Но вистината се крие во тоа што во предизборието СДСМ нема добра почетна позиција, напротив, на помош мора да ги повика клеветите а не да одговори на прашањето зошто и по три години нивно владеење истиот тој Запад на чии вредност се повикуваат нивното владеење го оценува како „хибриден режим“. Една од причините за тоа е токму односот на СДСМ кон критичките медиуми. А тоа беше најдоследно беше демонстрирано кога МВР и ОЈО вршеа претрес во Нетпрес, само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер во владата.

Покрај тоа треба да се споменат и кривичните пријави против уредници на Инфомакс и Лидер и Алфа ТВ, кои само се показател дека власта се плаши од вистината која не ѝ оди во прилог.

Оваа хајка коај ја покренува СДСМ против медиумите, доаѓа токму во моментите кога македонската јавност имаше можност да слушен како Заев се фали дека поддржувал медиуми за кој претходно рече дека бил провладин. И, уште полошо, дека бил запознаен со нејзиното во најмала рака проблематично финансирање.