СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за клучните прашања

ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски немаат став за клучните прашања, додека СДСМ и граѓанитеобезбедуваат иднина и членство на Македонија во Европската унија и НАТО, се истакнува во писментот соопштение од неделата на владејачката партија.

„Освен што се посветени на барањето амнестија за криминалот на нивната партија и поранешното раководство, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став за клучните прашања од врвен национален интерес за граѓаните и за Македонија. Сега, кога Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, за членство во НАТО и ЕУ со ајакнат македонски идентитет, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат за што се, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал и изолација. СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана“, велат од СДСМ.

Владејачката партија изразува убеденост дека на референдумот на 30-ти септември, кога ќе се гласа за Договорот со Грција кој подразбира во прв ред промена на уставното име на земјата, граѓаните ќе изберат „светла иднина“, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ „со зачуван и зајакнат идентитет“.